Следни испити

Декември/Јануари
П В С Ч П С Н
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930311
2345678
сите

Новости

28 Ноември 2016

На барање на студентите, испитите од дополнителната ноемвриска испитна сесија, кај вон. проф. д-р Владимир Мијаковски, закажан за 01.12.2016 год., ќе се одржат на ден 05.12.2016 год., (понеделник) со почеток во 11:30 часот, во просторија 415

повеќе

17 Ноември 2016

Дополнителен конкурс за втор циклус студии четврт уписен рок

повеќе

04 Ноември 2016

Распоред за испити во ноемвриска сесија 2016/17 год.

повеќе

17 Септември 2016

Распоред за наставата Академска 2016-17 за сите студиски програми

повеќе

15 Август 2016

Се известуваат студентите дека отворено е електронското пријавување на испити во iKnow системот за септемвриска сесија. Студентите задолжително треба електронски да се пријават во iKnow системот.

повеќе

30 Јануари 2015

Се известуваат студентите на Технички факултет – Битола дека заради новите законски прописи скриптарата нема да работи почнувајќи од 01.02.2015 год.

повеќе

САЕМ ЗА КАРИЕРА - 01.12.2016 во Инфо клуб Битола


Саемот за кариера обезбедува простор за младите индивидуалци да ја пронајдат својата работна позиција за која сонуваат.

Саемот за кариера обезбедува простор за стартап компаниите да го прошират својот тим со млади таленти кои ќе придонесат за развојот на компанијата.

Не е важно дали си студент, дали си надвор од образовен процес или дури и ако си вработен на работна позиција која не ги задоволува твоите амбиции и не се поклопува со твоите соништа, овој настан е можност да се инспирираш, мотивираш и да се приклучиш кон тимови кои брзо растат, се развиваат и унапредуваат. Овој настан ти е можност да влезиш во активен едукативен процес чија основа е креативноста и иновативноста. Овој настан може и да те инспирира да започниш свој бизнис.

more

Оглас за стипендиска програма на германското стопанство 2017

Германската стопанска комора во Македонија ја спроведуваат програмата за стипендии на Германското стопанство за 2017 година во својство на локален партнер на Одборот на германското стопанство за источните земји, кој е раководител на програмата во Германија. Целта на оваа програма е да обезбеди специјализација за квалификувани кандидати од Македонија во најуспешните германски компании, во пероид од 3 до 6 месеци. Оваа програма е подржана од Сојузната Влада на Република Германија и трошоците се покриени од Германската влада.

Рок за пријавување е заклучно до 11. ноември 2016 година на следната интернет страница: www.stipendienprogramm.org

Прилог: Оглас за стипендиска програма на германското стопанство 2017 на англиски јазик


Можности за студиска стипендија во Германија


Во понеделник (17.10.16) во 12 часот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, Универзитетот „Св. Климент Охридски" - Битола, ќе се одржи презентација на можностите за студирање во Германија, како и начинот и програмите за аплицирање за студиска стипендија во Германија преку Германската служба за академска размена (ДААД).

I Меѓународна Конференција од областа сообраќај и транспорт "Транспортот во денешното општество"






I Меѓународна Конференција од областа сообраќај и транспорт, "Транспортот во денешното општество", (www.ttsconference.org), организирана од страна на Техничкиот факултет во Битола како и пет факултети од Европа како коорганизатори, се одржа во просториите на Факултетот, од 19 до 21 Мај 2016 година.

Презентацијата на трудовите на различни теми, (планирање во транспортот, сообраќајно – транспортната инфраструктура, транспортната економика, логистиката, транспортот и животната средина, безбедноста во сообраќајот, одржливите урбани транспортни системи, управувањето и контролата во сообраќајот, интермодалниот и мултимодалниот транспорт, интелигентните транспортни системи), во рамките на различни видови на превоз, беше добра можност за размена на научните и стручни знаења и искуства меѓу учесниците на Конференцијата.

Сликите од поедини моменти на Конференцијата можете да ги видите тука.

Конечни ранг-листи од четврт уписен рок


Конечните ранг-листи на запишани студенти во прв циклус студии во учебната 2016/17 год. од четвртиот уписен рок може да се преземат од овде.

Конкурс за запишување на студенти во прва година во рамките на „Проектот 30/35“ (четврт уписен рок)


Конкурс

Конкурс за запишување на студенти во прва година на прв циклус студии (четврт уписен рок)


Конкурс


<< претходно | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |