Следни испити

Септември/Октомври
П В С Ч П С Н
17181920212223
24252627282930
1234567
891011121314
15161718192021
сите

Новости

20 Септември 2018

Се известуваат студентите дека уписите за II, III и IV година за студентите од сите отсеци на Техничкиот факултет (Електротехнички, Машински, Сообраќај и транспорт, Индустриски менаџмент, Графички) ќе се вршат од 24.09.2018 год.

повеќе

20 Септември 2018

Се известуваат сите студенти од втора, трета и четврта година, кои ќе вршат упис на зимскиот семестар во академската 2018/19, претходно, МОРА, задолжително да ја пополнат студентската анкета која им е достапна во нивното електронско досие.

             Во спротивно, нема да можат да го спроведат уписот.

повеќе

11 Септември 2018

Објавени конкурсите за втор и трет циклус студии на УКЛО

повеќе

31 Август 2018

Се информираат студентите дека покрај пријавувањето на испитите за септемвриска сесија во iKnow системот, задолжително е доставување на пријава на испитите и на студентски прашања на 03. 04, 05 Септември 2018.

повеќе

23 Мај 2018

Се известуваат студентите дека е објавен распоред за испити во јунска и септемвриска испитна сесија за академска 2017/18 год. за сите студиски програми.

Линк кон испитите од сите сесии.

повеќе

15 Јануари 2018

За студентите од прв, втор, трет, четврт и петти семестар задолжително пријавување на испитите за јануарска сесија преку iKnow системот.

повеќе

30 Јануари 2015

Се известуваат студентите на Технички факултет – Битола дека заради новите законски прописи скриптарата нема да работи почнувајќи од 01.02.2015 год.

повеќе

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОВИТЕ - II Меѓународна Конференција од областа сообраќај и транспорт „Транспортот во денешното општество“

17 – 19 мај 2018, Технички факултет Битола

Им се соопштува на сите заинтересирани автори на трудови дека роковите за поднесување на апстракт и известување за прифаќање на апстрактот за II Меѓународна Конференција „Транспортот во денешното општество", се продолжени.

Новите датуми се:

  • Поднесување на апстракт: 10.12.2017
  • Известување за прифаќање на апстрактот: 15.12.2017

Повеќе детали се достапни на ttsconference.org.

Технички факултет Битола
Отсек за сообраќај и транспорт

Дополнителен конкурс за втор циклус студии четврт уписен рок

Конкурс.

ПРЕЛИМИНАРЕН ПОВИК за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата за академска 2018/2019

Како и секоја академска година, УКЛО го објавува Повикот за изразување прелиминарен интерес за учество во мобилност во рамките на Е+ Програмата - Клучна акција 103: индивидуална мобилност за учење, Високо образование:

  • мобилност на студентите за студирање (SMS)
  • мобилност на студенти за стажирање (SMP)
  • мобилност на академски кадар за настава (ЅТА)

Прелиминарниот интерес се изразува преку пополнување:

  1. ПРЕЛИМИНАРНА ПРИЈАВА ЗА СТУДЕНТИ;
  2. ПРЕЛИМИНАРНА ПРИЈАВА ЗА АКАДЕМСКИ КАДАР

Надворешна евалуација на Универзитетот

На 17, 18 и 19 октомври 2017 година на Универзитетот „Св. Климент Охридски" – Битола ќе се реализира втората посета на експертскиот тим од Институционалната евалуациона програма при Европската асоцијација на универзитети во рамките на процесот на спроведување надворешна евалуација на Универзитетот.

Надворешната евалуција е единствена можност за добивање објективна оценка за работењето на Универзитетот од една престижна, независна Европска организација. Истовремено, надворешната евалуација е во функција на континуираниот развој на УКЛО, а пред се', на системот за обезбедување и унапредување на квалитетот.

Агендата на експертскиот тим предвидува средби со раководството на УКЛО, комисиите за наставно-научни прашања и за соработка со универзитетите во земјата и странство на Универзитетот, истражувачи, докторанти и административен кадар од нашиот Универзитет, како и одвоени посети на Факултетот за биотехнички науки и Факултетот за информатички и комуникациски технологии.

Пристап во креирање на биографија, подготовка за интервју за работа и планирање на кариера

Работилница: Пристап во креирање на биографија, подготовка за интервју за работа и планирање на кариера

Временска рамка на работилницата: Понеделник и четврток од 12:00 до 15:00ч. (Почеток: 16.10.2017; Крај: 02.11. 2017 г.)

Место: ТФБ, лаб. 404

Регистрација и повеќе информации: Доц. д-р Даниела Колтовска Нечоска (daniela.koltovska@tfb.uklo.edu.mk)
Американско катче– Битола (г-ѓа Билјана Кузмановска Тасетовиќ) (americancornerbitola@gmail.com)

Предавачи: М-р Крис Куејар, волонтер на Мировен корпус, Билјана Кузмановска Тасетовиќ, виш советник/координатор на EdUSA

more

Оглас за новата програма за млади инженери на ЕВН



Огласот е наменет за апсолвенти или штотуку дипломирани инженери од областа на Електроенергетските системи.

Се нуди работа на проекти и работни задачи под водство на експерти на ЕВН во рамки на кои ќе се развијат професионалните вештини во повеќе области. Програмата трае 18 месеци и вклучува ротации во различни делови на организацијата.

Заинтересираните треба да испратат биографија, мотивациско писмо и потврда за предвидени и положени испити на work@evn.mk или на http://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx најдоцна до 06.10.2017.

повеќе



| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |