Следни испити

Септември/Октомври
П В С Ч П С Н
18192021222324
2526272829301
2345678
9101112131415
16171819202122
сите

Новости

19 Септември 2017

Се известуваат студентите на втор циклус на студии, на Отсекот за сообраќај и транспорт, дека запишувањето на семестар можат да го направат во перидот од 02.10 до 09.10.2017 година.

повеќе

18 Септември 2017

Распоред за настава во зимски семестар од академска 2017/18 год. за сите студиски програми  преземи

повеќе

09 Септември 2017

Се известуваат студентите на Технички факултет - Битола, дека запишувањето на зимскиот семестар од академската 2017/18 година ќе се реализира од 13.09.2017 до 25.09.2017 година.
После овој рок запишувањето ќе се врши со дополнителна сума.

повеќе

25 Август 2017

Им се соопштува на студентите дека испитите кај проф. д-р Цветко Митровски за летен семестар ќе се одржат според следниот распоред:

1. Мерно аквизициски системи – 11.09.2017 во 10h – училна 203
2. Дигитална електроника – 13.09.2017 во 10h – училна 203

повеќе

15 Август 2017

Почитувани студенти,

Во продолжение следуваат неколку правила кои треба да ги почитувате во оваа испитна сесија – септември 2016/2017.

повеќе

06 Август 2017

Понеделник 07.08.2017, Хотел Театар - Битола
од 10:00-13:00 „На кафе со ЕУ ИПА Проектот"
Центарот за вработување Битола организира информативен настан од неформалнен карактер во рамките на ЕУ-ИПА Проектот „Поддршка за вработување на млади" за младите невработени лица, на возраст до 29 год., активни баратели на работа.

повеќе

01 Август 2017

Им се соопштува на студентите дека испитите за септемвриска сесија од зимски семестар кај проф. д-р Мирка Поп Николова Радевска од среда 31. 08. 2017 се презакажуваат на 21. 08. 2017 во 10 часот - училна 12.

Распоред за испити во септемвриска сесија

повеќе

24 Мај 2017

Распоред за испити во јунска сесија

Распоред за испити во септемвриска сесија

повеќе

15 Август 2016

Се известуваат студентите дека отворено е електронското пријавување на испити во iKnow системот за септемвриска сесија. Студентите задолжително треба електронски да се пријават во iKnow системот.

повеќе

30 Јануари 2015

Се известуваат студентите на Технички факултет – Битола дека заради новите законски прописи скриптарата нема да работи почнувајќи од 01.02.2015 год.

повеќе

ISEKI Food Association


Certificate

 

Национален претставник од Република Македонија

во ISEKI Food Association

проф. д-р Вангелче Митревски

Технички факултет - Битола


Меѓународна летна програма за практикантска работа на Универзитетот во Русе, Бугарија


Покана студентите да учествуваат во Меѓународната летна програма за практикантска работа во рамките на Еразмус + Клучна акција 1, што ќе се врши на Универзитетот во Русе, Бугарија.

Меѓународната пракса има за цел: подобрување и унапредување на практични вештини на студентите; поддршка на научни истражувања од докторанти и од академскиот кадар.

Финансиската поддршка за оваа мобилност е на товар на Еразмус+ буџетот на универзитетот - испраќач

Линк: http://erasmus.uni-ruse.bg/en/pimages/39/International_Internship_at_UoR_2017_New_E+.pdf

СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ТФБ ОД КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ


КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола ќе додели 5 стипендии за студенти од УКЛО од кои 2 стипендии за студентите од Индустриски менаџмент и 2 стипендии за студентите од машински отсек при Технички факултет Битола.

Апликациите за стипендирање да се достават најдоцна до 24 Февруари 2017 година во Архивата на Техничкиот факултет–Битола.

Повеќе информации можете да најдете тука.

Формулар за аплицирање

VI Меѓународен Симпозиум од областа на транспортот и комуникациите

Технички факултет Битола е коорганизатор на VI Меѓународен Симпозиум од областа на транспортот и комуникациите, кој ќе се одржи на 17 и 18 Ноември 2017 година во Добој, Босна и Херцеговина. Дополнителни информации можете да добиете на следниот link: http://www.novihorizonti.rs.ba.

Летна школа 2017 во Охрид


Летна школа 2017 во Охрид во Конгресниот Центар на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" помеѓу 26-ти август и 2-ри септември 2017 година.

Школата е наменета за студентите на магистерски или докторски студии, младитe екперти, истражувачи, невладиниот сектор, вработените во јавните институции итн. кои доаѓаат од Европа и пошироко. Тема на школата ќе биде енергија и други релевантни под-теми кои се поврзани со енергијата како главна тема. Предавачи на програмата ќе бидат реномирани високо квалификувани експерти од Европската Унија и регионот.

Организаторот ги покрива трошоците за учество на летната школа и сместувањето.

Краен рок за аплицирање е 31.03.2016.

Дополнителни информации на: https://www.energy-community.org/portal/page/portal/ENC_HOME/SECRETARIAT/Summer_School/2016.

Организатори: Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Енергетска Ефикасност (ORF-EE), имплементиран од страна на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ), заедно со Енергетската Заедница од Виена

Домаќин: Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии

САЕМ ЗА КАРИЕРА - 01.12.2016 во Инфо клуб Битола


Саемот за кариера обезбедува простор за младите индивидуалци да ја пронајдат својата работна позиција за која сонуваат.

Саемот за кариера обезбедува простор за стартап компаниите да го прошират својот тим со млади таленти кои ќе придонесат за развојот на компанијата.

Не е важно дали си студент, дали си надвор од образовен процес или дури и ако си вработен на работна позиција која не ги задоволува твоите амбиции и не се поклопува со твоите соништа, овој настан е можност да се инспирираш, мотивираш и да се приклучиш кон тимови кои брзо растат, се развиваат и унапредуваат. Овој настан ти е можност да влезиш во активен едукативен процес чија основа е креативноста и иновативноста. Овој настан може и да те инспирира да започниш свој бизнис.

more

Оглас за стипендиска програма на германското стопанство 2017

Германската стопанска комора во Македонија ја спроведуваат програмата за стипендии на Германското стопанство за 2017 година во својство на локален партнер на Одборот на германското стопанство за источните земји, кој е раководител на програмата во Германија. Целта на оваа програма е да обезбеди специјализација за квалификувани кандидати од Македонија во најуспешните германски компании, во пероид од 3 до 6 месеци. Оваа програма е подржана од Сојузната Влада на Република Германија и трошоците се покриени од Германската влада.

Рок за пријавување е заклучно до 11. ноември 2016 година на следната интернет страница: www.stipendienprogramm.org

Прилог: Оглас за стипендиска програма на германското стопанство 2017 на англиски јазик



| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |