Следни испити

Јануари/Февруари
П В С Ч П С Н
15161718192021
22232425262728
2930311234
567891011
12131415161718
сите

Новости

19 Јануари 2018

Уписот на предмети од летен семестар за академската 2017/2018 год. ќе започни на 24.01.2018 година, среда.

повеќе

15 Јануари 2018

За студентите од прв, втор, трет, четврт и петти семестар задолжително пријавување на испитите за јануарска сесија преку iKnow системот.

повеќе

02 Јануари 2018

Почитувани студенти,

Пред се, Ви ја честитам Новата 2018. година и Божиќните празници и Ви посакувам многу среќа, здравје и се најубаво во животот.

Во прилог е конечниот распоред за ЈАНУАРСКА СЕСИЈА АКАДЕМСКА 2017-2018.
Ви благодарам за соработката.

Со почит,

проф, д-р Верица Данчевска
продекан за настава

повеќе

29 Ноември 2017

Познати добитниците на наградите за истражувачки труд и есеј на распишаниот награден конкурс на УКЛО. Две од првите три награди за студентите од ТФБ. Честитки до Филип Лазоски (прва награда) и Игор Стерјовски (трета награда) за истражувачки трудови. 

повеќе

15 Ноември 2017

Список на примени кандидати на втор циклус универзитетски студии на ОТСЕКОТ ЗА СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ во академската 2017/2018 година (сите уписни рокови)

повеќе

30 Јануари 2015

Се известуваат студентите на Технички факултет – Битола дека заради новите законски прописи скриптарата нема да работи почнувајќи од 01.02.2015 год.

повеќе

Летна школа 2017 во Охрид


Летна школа 2017 во Охрид во Конгресниот Центар на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" помеѓу 26-ти август и 2-ри септември 2017 година.

Школата е наменета за студентите на магистерски или докторски студии, младитe екперти, истражувачи, невладиниот сектор, вработените во јавните институции итн. кои доаѓаат од Европа и пошироко. Тема на школата ќе биде енергија и други релевантни под-теми кои се поврзани со енергијата како главна тема. Предавачи на програмата ќе бидат реномирани високо квалификувани експерти од Европската Унија и регионот.

Организаторот ги покрива трошоците за учество на летната школа и сместувањето.

Краен рок за аплицирање е 31.03.2016.

Дополнителни информации на: https://www.energy-community.org/portal/page/portal/ENC_HOME/SECRETARIAT/Summer_School/2016.

Организатори: Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Енергетска Ефикасност (ORF-EE), имплементиран од страна на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ), заедно со Енергетската Заедница од Виена

Домаќин: Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии

САЕМ ЗА КАРИЕРА - 01.12.2016 во Инфо клуб Битола


Саемот за кариера обезбедува простор за младите индивидуалци да ја пронајдат својата работна позиција за која сонуваат.

Саемот за кариера обезбедува простор за стартап компаниите да го прошират својот тим со млади таленти кои ќе придонесат за развојот на компанијата.

Не е важно дали си студент, дали си надвор од образовен процес или дури и ако си вработен на работна позиција која не ги задоволува твоите амбиции и не се поклопува со твоите соништа, овој настан е можност да се инспирираш, мотивираш и да се приклучиш кон тимови кои брзо растат, се развиваат и унапредуваат. Овој настан ти е можност да влезиш во активен едукативен процес чија основа е креативноста и иновативноста. Овој настан може и да те инспирира да започниш свој бизнис.

more

Оглас за стипендиска програма на германското стопанство 2017

Германската стопанска комора во Македонија ја спроведуваат програмата за стипендии на Германското стопанство за 2017 година во својство на локален партнер на Одборот на германското стопанство за источните земји, кој е раководител на програмата во Германија. Целта на оваа програма е да обезбеди специјализација за квалификувани кандидати од Македонија во најуспешните германски компании, во пероид од 3 до 6 месеци. Оваа програма е подржана од Сојузната Влада на Република Германија и трошоците се покриени од Германската влада.

Рок за пријавување е заклучно до 11. ноември 2016 година на следната интернет страница: www.stipendienprogramm.org

Прилог: Оглас за стипендиска програма на германското стопанство 2017 на англиски јазик


Можности за студиска стипендија во Германија


Во понеделник (17.10.16) во 12 часот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, Универзитетот „Св. Климент Охридски" - Битола, ќе се одржи презентација на можностите за студирање во Германија, како и начинот и програмите за аплицирање за студиска стипендија во Германија преку Германската служба за академска размена (ДААД).

I Меѓународна Конференција од областа сообраќај и транспорт "Транспортот во денешното општество"






I Меѓународна Конференција од областа сообраќај и транспорт, "Транспортот во денешното општество", (www.ttsconference.org), организирана од страна на Техничкиот факултет во Битола како и пет факултети од Европа како коорганизатори, се одржа во просториите на Факултетот, од 19 до 21 Мај 2016 година.

Презентацијата на трудовите на различни теми, (планирање во транспортот, сообраќајно – транспортната инфраструктура, транспортната економика, логистиката, транспортот и животната средина, безбедноста во сообраќајот, одржливите урбани транспортни системи, управувањето и контролата во сообраќајот, интермодалниот и мултимодалниот транспорт, интелигентните транспортни системи), во рамките на различни видови на превоз, беше добра можност за размена на научните и стручни знаења и искуства меѓу учесниците на Конференцијата.

Сликите од поедини моменти на Конференцијата можете да ги видите тука.

Конечни ранг-листи од четврт уписен рок


Конечните ранг-листи на запишани студенти во прв циклус студии во учебната 2016/17 год. од четвртиот уписен рок може да се преземат од овде.

Конкурс за запишување на студенти во прва година во рамките на „Проектот 30/35“ (четврт уписен рок)


Конкурс


| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |