Следни испити

Јануари/Февруари
П В С Ч П С Н
15161718192021
22232425262728
2930311234
567891011
12131415161718
сите

Новости

19 Јануари 2018

Уписот на предмети од летен семестар за академската 2017/2018 год. ќе започни на 24.01.2018 година, среда.

повеќе

15 Јануари 2018

За студентите од прв, втор, трет, четврт и петти семестар задолжително пријавување на испитите за јануарска сесија преку iKnow системот.

повеќе

02 Јануари 2018

Почитувани студенти,

Пред се, Ви ја честитам Новата 2018. година и Божиќните празници и Ви посакувам многу среќа, здравје и се најубаво во животот.

Во прилог е конечниот распоред за ЈАНУАРСКА СЕСИЈА АКАДЕМСКА 2017-2018.
Ви благодарам за соработката.

Со почит,

проф, д-р Верица Данчевска
продекан за настава

повеќе

29 Ноември 2017

Познати добитниците на наградите за истражувачки труд и есеј на распишаниот награден конкурс на УКЛО. Две од првите три награди за студентите од ТФБ. Честитки до Филип Лазоски (прва награда) и Игор Стерјовски (трета награда) за истражувачки трудови. 

повеќе

15 Ноември 2017

Список на примени кандидати на втор циклус универзитетски студии на ОТСЕКОТ ЗА СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ во академската 2017/2018 година (сите уписни рокови)

повеќе

30 Јануари 2015

Се известуваат студентите на Технички факултет – Битола дека заради новите законски прописи скриптарата нема да работи почнувајќи од 01.02.2015 год.

повеќе


Mапа на Технички факултет Битола

    Почетоците на развојот на Техничкиот факултет во Битола, датираат од далечната 1961 година кога е формирана Вишата Техничка школа со два отсеци во нејзиниот состав: машински и електротехнички. Во 1972 година отпочнува со работа и третиот, единствен во тоа време, а и денес единствен во  Република Македонија, отсек     за сообраќај и транспорт. Континуитетот на техничките високошколски студии во Битола продолжува  преку Техничкиот факултет формиран во 1977 година, користејќи ги постоечките простории и кадровски можности на тогашната Виша Техничка школа.

    Денес наставниот потенцијал на Техничкиот Факултет е на завидно ниво, 21 редовни професори, 14 вонредни, 9 доценти и 14 асистенти и 2 помлади асистенти и голем број на ангажирани професори и соработници од земјата и странство. Објектите и просторните можности се задоволителни: 30 училници за користење на видео презентации, еден амфитеатар и свечена сала, библиотека, со што се обезбедени услови за реализација на настава во две смени. Факултетот  располага и со следните лабаратории: за термотехника; за физика; за испитување на машински материјали и конструкции; за мотори со  внатрешно согорување и моторни возила; за електротехника; за електрични машини; сметачки центар со 6 училници, како и училница со најсовремена мултимедијална и интернет опрема.