Следни испити

Септември/Октомври
П В С Ч П С Н
18192021222324
2526272829301
2345678
9101112131415
16171819202122
сите

Новости

19 Септември 2017

Се известуваат студентите на втор циклус на студии, на Отсекот за сообраќај и транспорт, дека запишувањето на семестар можат да го направат во перидот од 02.10 до 09.10.2017 година.

повеќе

18 Септември 2017

Распоред за настава во зимски семестар од академска 2017/18 год. за сите студиски програми  преземи

повеќе

09 Септември 2017

Се известуваат студентите на Технички факултет - Битола, дека запишувањето на зимскиот семестар од академската 2017/18 година ќе се реализира од 13.09.2017 до 25.09.2017 година.
После овој рок запишувањето ќе се врши со дополнителна сума.

повеќе

25 Август 2017

Им се соопштува на студентите дека испитите кај проф. д-р Цветко Митровски за летен семестар ќе се одржат според следниот распоред:

1. Мерно аквизициски системи – 11.09.2017 во 10h – училна 203
2. Дигитална електроника – 13.09.2017 во 10h – училна 203

повеќе

15 Август 2017

Почитувани студенти,

Во продолжение следуваат неколку правила кои треба да ги почитувате во оваа испитна сесија – септември 2016/2017.

повеќе

06 Август 2017

Понеделник 07.08.2017, Хотел Театар - Битола
од 10:00-13:00 „На кафе со ЕУ ИПА Проектот"
Центарот за вработување Битола организира информативен настан од неформалнен карактер во рамките на ЕУ-ИПА Проектот „Поддршка за вработување на млади" за младите невработени лица, на возраст до 29 год., активни баратели на работа.

повеќе

01 Август 2017

Им се соопштува на студентите дека испитите за септемвриска сесија од зимски семестар кај проф. д-р Мирка Поп Николова Радевска од среда 31. 08. 2017 се презакажуваат на 21. 08. 2017 во 10 часот - училна 12.

Распоред за испити во септемвриска сесија

повеќе

24 Мај 2017

Распоред за испити во јунска сесија

Распоред за испити во септемвриска сесија

повеќе

15 Август 2016

Се известуваат студентите дека отворено е електронското пријавување на испити во iKnow системот за септемвриска сесија. Студентите задолжително треба електронски да се пријават во iKnow системот.

повеќе

30 Јануари 2015

Се известуваат студентите на Технички факултет – Битола дека заради новите законски прописи скриптарата нема да работи почнувајќи од 01.02.2015 год.

повеќе

Лабораторија по Мехатроника











Со формирањето на Студиската програма по Мехатроника на Технички факултет Битола се оформи и лабораторијата по Мехатроника.

Мехатрониката претставува нова методологија за справување со големата комплексност на современата технологија на производство. Силната интегрираност на механичките и електронските делови бара заеднички развоен пристап бидејќи не е можно независно развивање на подсистеми. Главната идеа на Мехатрониката се состои во истовремено дизајнирање на механички, електронски и контролни елементи.

Лабораторијата по Мехатроника располага со 12 тренажни едукациски места. Технички факултет Битола како официјален партнер во Texas Instruments University Program ја опреми лабораторијата со импозантен број на развојни системи базирани на ARM TIVA C микроконтролери поткрепени со лиценцирани софтвери за работа со нив како Code Composer Studio IDE од TI, MikroC Pro for ARM и Visual TFT од Mikroe.

Една IGUS роботска рака со 5 оски, два BIOLOID роботски китови, десет LEGO MINDSTORM роботски китови, десет микроконтролерски системи за управување со роботи, дваесет Arduino UNO едукациски китови, пет FPGA базирани развојни системи, голем број на актуаторски и сензорски елементи се само дел од севкупната опрема со која располага лабораторијата.

Лабораторија за сообраќај и транспорт







Oбразувањето на сообраќајно-транспортни професионалци на линија со меѓународно признати норми и стандарди претставуваше главниот мотив за основање на современа лабораторија со одржлива софтверска и информатичка опрема.

Софтверски алатки со кои се располага:

PC Crash
PTV VISION (VISUM, VISSIM)
SIDRA Intersection
SYNCHRO
TUBA
COPERT IV
CAD Alatki

Презентацијата на Лабораторијата во емисијата МОТИВИ на ТВ Орбис - Битола, можете да ја погледнете тука.

Повеќе

Лабораторијата по странски јазици






Лабораторијата по странски јазици при Технички Факултет-Битола, добиена како донација од Владата на Република Македонија во рамките на проектот “Опремување на лаборатории за научно-истражувачка и апликативна дрјност”, е првенствено наменета за изучување на стручен англиски јазик. Нејзината примена овозможува реализација на најсовремените барања во наставата по стручен англиски јазик.

Повеќе